За нас

Управа на друштвото

Damir Bulić

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВА

Damir Bulić, дипл. економист, е роден 1972 година во Сплит. Дипломирал на Економскиот факултет во Загреб во 1996 година.

Работната кариера ја започнал во 1999 година во Kraš a.d. како приправник во Секторот на финансии и контролинг. По приправничкото стажирање работи како аналитичар на паричен тек, како и менаџер за координација на побарувања и обврски на д.о.о.- ели. На функцијата директор на Служба за финансии се именува во 2004 година, а од 18.05.2011 година станува член на Управа.

Претседател на Управа на Друштвото станува на 30.11.2011.

Dinko Klepo

ЧЛЕН НА УПРАВА

Dinko Klepo, дипл.економист, е роден на 27.9.1973 година во Сињ. Дипломирал на Економскиот факултет во Сплит во 1997 година.

Работната кариера ја започнал во 1998 година во Gavrilović d.o.o., како продажен преставник во Сплит. 

Во истата компанија ја продолжува својата работна кариера на позицијата заменик директор на продажба, а потоа и директор на продажба. Во 2011 година е именуван за член на Управата на Gavrilović d.o.o., и е одговорен за делот на продажба,набавка и логистика.  

Од 1.2.2013 е вработен во Kraš на позицијата директор на секторот за маркетинг и продажба.

Член на Управа станува 18.05.2016 година.

Alen Varenina

ЧЛЕН НА УПРАВА

Alen Varenina, дипл.економ.,е роден во 1976 година во Осијек. Дипломирал на Економскиот факултет во Осијек во 2002 година.

Работната кариера ја започнува во 2003 година во Sloboda a.d. во својство на приправник во Секторот за финансии и контрола. По приправничкото стажирање ја извршува работата како Планер аналитичар во Lura a.d. Загреб. 

Во текот на 2006 година работи како Раководител на сметководство во Karolina d.o.o. Во 2007 година е именуван на функцијата Директор на финансии, при што ги извршува и работите на Прокурист за Karolina d.o.o.

Во 2011 година, со интеграција на Каролина доо во Kraš групата, именуван е за директор на Karolina d.o.o. На 18.05.2016 година станува член на Управата на друштвото. 

За нас