Управување со квалитет

Од првата сертификација за управување на квалитет според нормативот ISO 9001 во Kraš 1997 год., поминаа цели 20 години. На основите на добро воспоставен и одржуван систем за квалитет во тој период, го надградувавме составот според насоките и барањата на нашите купци и верни потрошувачи. 

Во склоп на усвоената политика за квалитет, политика за животна средина и политика за енергетска ефикасност ги дефинираме целите на работење кои континуирано се следат, мерат и анализираат. Составот постојано се надгледува и проверува по пат на планови за самоконтрола, внатрешна проценка, проценка кај добавувачот, проверка и оценка од надворешни независни сертификациски тела, како и повремено од постојани или потенцијални купци.

Со исполнување на барањата за квалитет, здравствена исправност и сигурност на храната, како и барањата во делот на заштита на животната средина Kraš изгради интегрален состав на управување кој денес ги опфаќа нормативите ISO 9001, ISO 14001, IFS, HACCP, кошер и халал.

Dokumenti
Quality policy_Kraš d.d. doc 253.0 kB
Halal certifikat Kraš - eng pdf 509.8 kB
Popis halal proizvoda Kras d.d._06062018 pdf 662.4 kB
Kosher Certificate Kraš 2018 pdf 296.2 kB
Kraš IFS 2018. pdf 95.5 kB
ISO 9001_2015 certificate_eng pdf 67.0 kB
ISO 14001_2015 certificate_eng pdf 67.9 kB